Модна куќа од Торонто, основана од две сестри, произведува модерни мини чанти и паричници од невообичаен материјал.
Еколошките вегански Mini чанти во својот состав имаат лушпи од јаболка добиени од индустријата за сокови, со што не штетат на околината, ниту на животните.
Samara се залага при процесот на производство да не нанесе штета на ниедно живо суштество. Токму затоа нивните чанти и паричници важат за вегански производи, пишува Tree Hugger.
За да го “врзат“ материјалот, наместо штетната PVC пластика, користат мала доза на еколошка пластика, PU. Компанијата работи на тоа во иднина и овој сегмент да се елеминира односно производите да бидат 100% природни.
Samara соработува и со компанијата The Soular Backpack, обезбедувајќи соларни ранци за деца во Источна Африка каде што нема електрична енергија.
Со тоа им помагаат да се движат навечер, елиминирајќи ги штетните светилки од керозин.
Со секој купен производ од Samara се обезведуваат финансиски средства за соларните ранци.
Фото: Samara