Луѓе кои работат прекувремено или во текот на викендот имаат поголеми шанси да развијат депресија, покажува истражувањето на Универзитетот во Лондон.
“Најзагрозени се оние вработени кои консумираат цигари, имаат пониски примања, работат физички тешки задачи и оние кои не се задоволни од работата“, вели авторот на истражувањето, Гил Вестон.
Од вкупно 40.000 работници, истражувањето покажа дека жените се најосетливи на овој вид работа. 7,3% од жените кои во текот на неделата работат повеќе од 55 часа даваат знаци на депресија. Исто така, жените кои работат за време на викенд имаат 4,6% поголеми шанси да развијат депресија за разлика од оние кои одмораат во сабота и недела.
Mажите кои работат подолго или за време на викендите покажуваат помалку склоност кон депресија за разлика од жените. Сепак, постои разлика меѓу оние кои работат за викенд од оние кои работат само од понеделник до петок.
Фото: Pixabay