Извозот на топло чоколади лани “тежеше“ 2,3 милијарди долари

56

Топлото чоколадо е напиток што почесто се консумира во зимските денови, но многумина не можат да му одолеат на вкусот во текот на целата година. Извозот на топло чоколадо минатата година достигна вредност од 2,3 милијарди долари, покажува анализата на World’s top exports.

Анализирано по земји, најголем извозник на топло чоколадо е Холандија, којашто минатата година инкасираше 690 милиони долари. Подолу е листата на остнатите девет најголеми извозници на овој напиток:

Германија – 324 милиони долари

Малезија – 255 милиони долари

Шпанија – 162 милиони долари

Индонезија – 146 милиони долари

Сингапур – 145 милиони долари

Франција – 143 милиони долари

САД – 113 милиони долари

Гана – 91 милион долари

Брег на слонова коска – 59 милиони долари

Фото: Pixabay