Google најпосакувана компанија за работа

86

Фирмата за истражување и консалтинг, Universum го објави својот нов извештај каде што се рангирани најпосакуваните компании за работа од страна на студентите.

На резултатите им претходела анкета во којашто биле вклучени над 245.000 студенти од 12 големи светски економии: Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Италија, Индија, Јапонија, Русија, Јужна Кореја, Велика Британија и САД.

Google и понатаму останува избор број еден, десетта година по ред. Студентите по инженеринг и ИТ студии, исто така сакаат да работат и за другите технолошки гиганти како Microsoft, Apple и IBM.

Студентите по бизнис, освен Google, ги навеле и Ernst & Young, PwC и Deloitte во потесниот избор, пишува CNN.

Според анализата, бројот на студенти кои заминуваат во странство се намалува. Во 2016 година околу 43% одбрале да студираат надвор, додека годинава само 20%.

Како најважен фактор за избор на работодавач ги истакнале финасиите. На второ место била можноста за усовршување на нивните вештини, а тука некаде се нашле и сигурноста на работната позиција и балансот помеѓу работата и приватниот живот.

Фото: Pixabay