Двајца студенти од Универзитетот во Хонг Конг дизајнираа рачка којашто со помош на светлина постојано самата се стерилизира. Според нив, ова е многу побезбедна и поефективна алтернатива од чистењето со хемиски супстанци.
Рачката е направена од стаклена туба со алуминиумски завршетоци на двата краја, пишува Dezeen. Обложена е со обвивка изработена од минерал наречен титаниум диоксид којшто е во форма на прав.
Токму оваа обвивка на стаклото овозможува бактериите да се уништат преку хемиска реакција којашто е активирана од UV светлина.
Рачката функционира со помош на внатрешен генератор којшто ја претвора кинетичката енергија, од отворањето и затворањето на вратата, во светлосна енергија. Со ова се овозможува UV светлото постојано да свети.
Според направените лабораториски тестови. рачката уништува 99,8% од микробите.
Фото: James Dyson Awards