Јапонска авиокомпанија овозможува патување “од дома“ со помош на роботи

77

Јапонската авиокомпанија All Nippon Airways (ANA) претстави телеприсутен робот којшто им овозможува на оние кои не се во можност да патуваат, да го видат светот преку неговите “очи“.

Newme нуди ретка можност луѓето да патуваат “од дома“ со помош на 2K HD видео. Притоа, корисникот може да види далечни места и да има интеракција со околината каде што се движи роботот, пишува Cnet.

ANA планира да пушти во употреба 1.000 роботи до следното лето, со што ќе им овозможи на корисниците да “присуствуваат“ на спортски настани или да “одат“ на шопинг каде сакаат.

Роботот личи на таблет поставен на движечка основа висока околу метар и половина, а е направен од страна на компанијата OhmniLabs.

Фото: Facebook