Уште една доза мудри дефиниции за успех. Можеби некоја ќе биде токму она што ви треба.
Не дозволувајте стравот од неуспех да биде поголем од возбудата за постигнување на успех.
Успешниот човек е само еден просечен човек со неверојатен фокус.
Колку понапорно работите за нешто, толку посреќни ќе се чувствувате кога ќе го завршите.
Колку и да сте уморни, забавете, не застанувајте.
Ако го сакате тоа што го правите, порано или подоцна ќе успеете.
Некои луѓе сонуваат за успех, а други се будат и работат.
Успехот доаѓа кај оние кои ја следат страста, а не кај тие кои “трчаат“ по парите.
Разликата помеѓу тоа што сте и тоа што сакате да бидете е тоа што го правите.
Ниту успехот е постојан, ниту неуспехот е финален, она што е важно е храброста да се продолжи.
Успехот може да се постигне само ако се откажете од доброто и тргнете во потрага по одличното.
Направете нешто денес за што следниот ден ќе бидете благодарни на себе си.
Фото: Pixabay