Booksby.ai – онлајн продавница за книги креирана од вештачка интелигенција

58

Booksby.ai е онлајн книжарница каде што се продаваат научно фантастични книги генерирани од вештачка интелигенција (ВИ).

Како што велат креаторите, Андреас Рефсвгард и Микел Тајбо Лус, ВИ преку тренинг научи да создава нови приказни коишто го имитираат јазикот, стилот и визуелниот момент на книгите што веќе ги “прочитала“.

Ниедна од приказните, насловите, описите, кориците и мислењата на Booksby.ai не се напишани или дизајнирани од луѓе.

Сите книги на онлајн продавницата можат да се купат преку Amazon.com во печатено издание. Содржината на книгите во целост е генерирана со помош на невронската мрежа char-rnn-tensorflow, податоци од Amazon.com и Project Gutenberg.

Досега тимот има продадено 19 вакви книги.

Фото: Booksby.ai