Формирана единствена база на маркетинг агенции и проекти во регионов

55

balcannesХрватското здружение за пазарно комуницирање (ХУРА) и Weekend Media Festival покренаа BalCannes Yellow Pages (www.balcannes.com), единствена база на рекламни агенции и најдобри маркетинг проекти од шест земји од регионот (Хрватска, Србија, БиХ, Македонија, Словенија и Црна Гора).

BalCannes Yellow Pages е замислена како револуционерна база преку која огласувачите во текот на целата година ќе можат да ги пребаруваат агенциите и нивните проекти, за на поедноставен начин да можат да одберат агенција која ќе им пружи најдобра маркетинг поддршка.

“BalCannes Yellow Pages е некој вид онлајн именик на маркетинг агенции преку кој огласувачите можат да пребаруваат се што ќе посакаат. Целата идеја околу ова онлајн пребарување е огласувачите да добијат увид во најдобрата агенциска пракса на пазарите на југоисточна Европа, а за агенциите е одлична можност да се претстават пред постоечките и потенцијалните клиенти од целиот регион”, вели Давор Брукета, член на управата на ХУРА.

Balcannes Yellow Pages е покренат во рамките на Balcannes ревијата на најдобри маркетинг агенции од регионот, која ќе се одржи на престојниот Weekend Media Festival од 19 до 22 септември во Ровињ.