Семејството Ван Ден Вормс e едно од најбогатите во светот, но во исто време живее далеку од очите на јавноста.
Она што се знае е дека ова семејство до Холандија го создаде своето огромно богатство преку Holland America Line, линија за крстарења, којашто ја продаде на компанијата Carnival во 1988 година за тогашни 625 милиони долари.
Оваа година, семејството го продаде француско – италијанскиот гигант за очила Essilor Luxottica за 7,3 милијарди евра, вклучувајќи го и познатиот бренд Ray Ban. Во исто време, како што пишува Bloomberg, семејството имаше 77% од акциите во Grand Vision, па нивниот профит достигнува околу четири милијарди долари.
Целокупната добивка од продажбата е пренесен на компанијата Hal, што е јавно трговско друштво со коешто управува ова семејство. Она што е интересно е тоа што во ниту еден јавен документ не се откриваат имињата на членовите од семејството, туку само нивните иницијали.
Фото: Pixabay