(Не)чистиот воздух е главна тема во медиумите во последно време. Српскиот старт – ап AlgiOx разви уред што ги спојува технологијата и природата и овозможува чист воздух, пишува Нова економија.
AlgiOx работи на принцип на фотосинтеза, користејќи микро алги. Тие имаат способност да ги отстрануваат штетните гасови и да произведуваат кислород. Овој уред, зад којшто стојат пет млади лица од Србија, работи на истиот принцип како и растенијата, но има 10 пати поголем капацитет.
“Нашиот уред, освен што ја користи оваа природна технологија, тој ќе биде целосно направен од еколошки материјали и нема дополнително да ја загадува околината. Исто така, ќе биде поврзан со апликација преку којашто корисникот ќе може во реално време да ги следи параметрите за квалитет на воздухот во нивниот дом“, вели Ивана Станков, дел од тимот на AlgiOx.
Фото: Pixabay