
Од 2010 година, бројот на професионални жени возачи на камиони во САД е зголемен за 68%, покажуваат податоците на американската асоцијација на возачи на камиони.
Жените се заинтересирани за оваа професија бидејќи се исто платени како и мажите, но во исто време и поради зголемената побарувачка за вработување на професионални возачи.
Иако минатата година на патиштата во САД имаше над 234 илјади жени возачи, но сепак во оваа професија и понатаму доминираат мажите. Жените сочинуваат 6,6% од вкупно 3,5 милиони возачи на камиони.
Фото: Pexels