Македонски Телеком за девет месеци прокнижи добивка од 1,4 милијарди денари

52

Македонски Телеком во текот на деветте месеци од оваа година прикажа добивка од 1.432.509.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата оствари добивка од 1.310.813.000 денари.

“Нето добивката за првите девет месеци од 2019 година е зголемена за 9,6% (без ефектот од МСФИ 16) во споредба со истиот период од претходната година, додека нето добивката (вклучувајќи го ефектот од МСФИ 16) е зголемена за 9,3% и изнесува 1.432.509.000 денари. Имплементацијата на МСФИ 16 има негативен нето ефект на нето добивката во износ од 3.542.000 денари“, стои во Образложението за работењето.

Вкупните приходи од продажба, од први јануари до 30-ти септември оваа година, достигнаа 7.937.180.000 денари. Поголемиот дел, односно 7.519.555.000 денари е остварен на домашен пазар, додека остатокот од 417.625.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Фото: Pixabay