Nike повеќе нема да продава патики и облека на Amazon

118

Nike ќе престане да продава патики и облека на Amazon, со што ќе ја заврши пилот програмата што ја започна во 2017 година.

Ова доаѓа во рамки на стратегијата на компанијата за маркетинг и продажба и назначување на новиот директор Џон Донахју, поранешен извршен директор на eBay.

Nike го склучи партнерството со гигантот за онлајн продажба со цел да има поголема контрола врз трети, надворешни продавачи и можни фалсификати, пишува Engadget.

Но, се утврди дека тоа е речиси невозможно со оглед на тоа дека и да се елиминираат некои за кусо време се појавуваат нови трети продавачи.

Amazon се подготвуваше за одлуката на спортскиот гигант со развивање на мрежа од надворешни продавачи со цел купувачите сè уште да можат да купат производи од познатиот бренд.

Фото: Pexels