Пола милион Алжирци останаа без работа

27

Пола милион Алжирци останаа без работа поради затворање на приватни фирми што се поврзани со скандал за корупција, пишува Middle East Monitor.

Истрагата вклучува компании во сопственост на бизнисмен кој бил близок со поранешниот претседател на земјата.

Вкупно 70% од компаниите што се затворени се од секторите за наводнување и градежништво.

Земјата се соочи со масовни протести откако 82-годишниот Абделазиз Бутефлика се кандидираше за петта претседателска кандидатура.

Фото: Pixabay