Walmart отвора 500 нови продавници во Кина

56

Ланецот на маркети Walmart ќе отвори 500 нови продажни места во Кина во следните пет до седум години.

Тоа е повеќе од двојно зголемување на бројката на маркети во земјата, којашто се очекува да стане најголем пазар за намирници до 2023 година, пишува CNN.

Бруто домашниот производ во Кина минатиот квартал падна на најниско ниво во период од речиси три децении, поради што Пекинг се обидува преку разни мерки да ја поттикне економијата во земјата.

Walmart уште пред неколку месеци најави дека планира да вложи повеќе од една милијарда долари во својот бизнис во Кина, поради сè поголемата закана од локалната и онлајн конкуренција.

Американскиот продажен гигант влезе на кинеското тло пред повеќе од 20 години. Од јануари годинава компанијата има 443 маркети во земјата.

Фото: Facebook