Business Asahi Ryokan е хотел во јапонскиот град Фукуока, којшто на своите гости им нуди можност за едно ноќевање да платат само еден долар, но под еден услов.
Единствено нешто што гостите треба да направат е во нивната соба да биде вклучена камера што ќе го следи нивниот престој, а во живо ќе биде пренесувано на YouTube.
Според сопственикот на хотелот, Тетсија Ино, постојат одредени рестрикции кога станува збор за снимањето во живо. Сите оние кои се љубопитни, ќе можат да го гледаат видео преносот, но нема да можат да слушнат што разговараат гостите. Исто така, како што пишува CNN, гостите имаат право да го исклучат светлото, а во тоалетот нема камера.
Фото: Pexels