Директори на австралиска банка вмешани во скандал со перење на пари

80

Двајца директори на една од најголемите австралиски банки Westpac, ќе ја напуштат својата позиција поради обвиненија дека банката извршила финансиски криминал.

Отказот се однесува на извршниот директор Брајан Хартзер и Линдзи Макстед која има функција на претседател на одборот. Според австралиската регулаторна агенција AUSTRAC, Westpac не пријавила повеќе од 19,5 милиони инструкции за трансфери во и надвор од Австралија.

Според агенцијата, банката го прекршила законот повеќе од 23 милиони пати, пишува ABC.net.

Westpac не детектирала перење на пари или ризични трансакции коишто, според AUSTRAC, се поврзани со експлоатација на деца на Филипините.

Од банката велат дека ќе ги преземат сите потребни чекори со цел да се намали ризикот од финансиски криминал и признаваат дека се случиле горенаведените пропусти.

Фото: Pixabay