Бесплатни курсеви за изучување на традиционални турски ракотворби

196

DSC_0056Турскиот институт Јунус Емре во соработка со Халкбанк Турција годинава започна со проект за зачувување на традиционалните турски ракотворби на Балканот.

Идејата за овој проект произлегува од настојувањата да се спречи исчезнувањето на постоечките традиционални занаети и истите да се пренесат на идните генерации.

Проектот треба да ја стимулира културната и економска активност во регионот, да доведе до поголеми приходи остварени од туризмот, како и до зачувување и понатамошно опстојување на заедничките културни вредности кои што по повеќевековното постоење полека исчезнуваат од овие простори.

За изучување на веќе исчезнатите или заборавените вештини за изработка на традиционалните турски ракотворби на Балканот ќе бидат организирани повеќе видови на бесплатни уметнички курсеви под раководство на стручни професори од Турција.

Македонија е првата земја каде почнувајќи од март годинава, овој проект веќе интензивно се спроведува. Досега на курсевите за изработка на филигран, сребро и резба се вклучиле 110 заинтересирани курсисти. Од институтот Јунус Емре најавуваат дека постои можност за проширување на областа на изучување и на други видови традиционални турски вештини доколку се појави интерес за тоа. Освен Македонија, во проектот се вклучени и Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Романија.

По завршувањето на обуката, предвидено е да се започне и со производство и продажба на ракотворбите, а на крајот од Проектот ќе бидат организирани и изложби. Сите што се заинтересирани за посета на некој од курсевите може да се пред-регистрираат во институтот Јунус Емре во Скопје.

DSC_0065

DSC_0044