Секој бизнис денес мора да креира своја онлајн содржина од различни причини. Но, она што е важно е таа да биде продуктивна, односно да привлече купувачи.
Видливост
Што повидлива содржина, толку поголеми шанси за продажба. За да го постигнете ова треба да бидете постојани, да го споделувате она што вашите клиенти би сакале да го видат. На овој начин ќе создадете вредност, ќе го промовирате брендот и купувачите ќе им веруваат на содржините.
Вклученост
Ако играте на картата “емоции“ луѓето ќе се вклучат во вашата приказна. Без разлика што сакате да понудите со содржината, ако истата допира на одреден начин до потенцијалните клиенти успехот нема да изостане. Така ќе стекнете доверба, ќе остварите комуникација.
Вредност
Доколку вашата содржина има вредност и во целост е вистинита ќе создадете авторитет. Ќе важите за некој на кој може да му се верува и ќе можете слободно да го споделувате тоа што го сакате. Вредноста ги поттикнува купувачите да бидете нивен прв избор.
Фото: Pexels