Технолошкиот гигант Facebook го купи студиото Beat Games, коешто стои зад популарната игра во виртуелна реалност Beat Saber, пишува CNBC.
Тие ќе се приклучат кон Oculus Studio коешто е дел од Facebook, но ќе работат независно, надвор од нивното седиште во Прага. Виртуелната игра потсетува на познатата Guitar Hero каде што се свири со гитари на одредена мелодија.
Ова е втора ваква аквизиција на Facebook годинава, што се однесува на дивизијата за виртуелна и проширена реалност. Во септември компанијата го купи стартапот CTRL-Labs, чијашто дејност е технологија поврзана со вградување на компјутерски чипови во мозокот.
Фото: Facebook