Дубаи ќе ги користи Cybertruck возилата на Tesla како полициски автомобили

30

Властите во Дубаи најавија дека пикапот на Tesla, Cybertruck, ќе биде дел од нивната полициска флота. Градот е познат како метропола што не се плаши да испробува нови технологии и да ги тестира сите иновации на пазарите, пишува Arabian Business.

Полицијата објави фотографија од пикапот со бои и амблеми на земјата, заедно со реченицата дека од следната година Cybertruck ќе се приклучи на останатите автомобили како Bugatti Veyron, Lamborghini Aventador и Porsche 918 Spyder.

Командирот на полицијата во Дубаи, Абдула Калифа ал Мари изјави дека пикапите ќе се користат да го “потенцираат“ присуството на полицијата на места коишто се атрактивни туристички дестинации, како на пример Бурџ Калифа.

Сè уште не се знае кога ќе бидат додадени овие возила во флотата на градот. Според извршниот директор на Tesla, Илон Маск, веќе се нарачани 200.000 вакви возила.

Фото: Pixabay