Интересни факти за попустите

97

Попустите се нешто што сите купувачи го сакаат и едвај чекаат. Очите веднаш ни застануваат на производи каде што ќе прочитаме дека има намалување на цените.

Во продолжение неколку интересни работи за попустите.

Според потрошувачите, 50% се изјасниле дека подобрување на квалитетот на производот е подобра тактика, додека 33% мислат дека потребен е попуст.

Производ чие пакување изгледа скапо може подобро да се продаде отколку нешто што е на попуст.

Една третина или 30% од луѓето, ќе купат нешто само за да го имаат, додека 70% ќе купат производ/услуга за да решат проблем.

Голем процент или 70% од потрошувачите користат попусти што ги добиле преку мејл во тековниот месец.

Дури три четвртини од купувачите бараат попусти или промотивни зделки во нивните  мејлови или на социјалните мрежи.

Бесплатна испорака ги зголемува шансите за продажба.

Корисниците ги поврзуваат попустите честопати со лош квалитет на производот или со ниска побарувачка на истиот.

Според експертите, многу е подобро да се нуди попуст од типот Купи едно – добиј друго гратис, отколку да напишете 50% попуст. На луѓето повеќе им се допаѓа идејата дека ќе добијат нешто бесплатно.

Фото: Pixabay