Првиот човек на Twitter се сели во Африка

46

Извршниот директор на Twitter, Џек Дорси се сели на некое време во Африка. Тој посети неколку земји на континентот, а според тоа што го објави на социјалната мрежа ќе остане во Африка од три до шест месеци.

Дорси не знае каде точно ќе живее, а можно е да се сели од едно место на друго, пишува Business Insider. Бизнисменот беше во Етиопија, Гана, Нигерија и Јужна Африка, каде меѓу другото оствари средби со компании што се занимаваат со криптовалути.

Тој и самиот е поддржувач на стартапот за криптовалути, CoinList, и вели дека ќе ја интегрира дигиталната валута биткоин во Twitter и Square.

Во Африка има 618 активни технолошки хабови, коишто обезбедуваат поддршка за дигиталните претприемачи, бројка што е за 40% поголема од лани.

Фото: Facebook