Секој нов член во тимот треба да ги има следниве карактеристики

166

Од “морето“ кандидати не е воопшто лесно да се одбере вистинската личност од само едно или две интервјуа. Затоа, експертите советуваат секој иден член од тимот да ги има следниве карактеристики.

Одлични комуникациски вештини

Се тргнува од начинот на којшто комуницираме. Многу работи можат да бидат подобри или полоши во зависност од начинот на којшто ги споделуваме. Тука се вклучува и говорот на телото, заедно со пишувањето и артикулирањето и секако гледањето во очи. Кога еден потенцијален вработен ќе ве воодушеви со комуникациските вештини, имате причина да верувате дека ќе биде така и со клиентите.

Ентузијазам и страст

Ви требаат вработени кои ќе ја поддржуваат идејата, производот или услугата што ги нудите на пазарот. Ентузијазмот за работа и страста да се докажат во најдобро светло се карактеристики што треба да ги барате кога регрутирате нови членови во тимот. Токму тие најдобро ќе ја претставуваат вашата компанија.

Проактивен пристап

Проактивноста е важен сегмент за една успешна компанија. Сè додека вработените ја завршуваат својата задача, треба да им дозволите тоа да го прават на нивен начин. Така тие ќе бидат посреќни, ќе вложат повеќе и нема да сакаат да заминат. Одберете вработени на кои им верувате, така нема да се грижите кога ќе ви кажат дека се ќе биде завршено во дадениот рок.

Емоционална интелигенција

Оние кандидати што умеат да ги контролираат своите чувства, покажуваат емпатија и се мотивирани треба да бидат на вашиот список. За да имате успешен бизнис не ви требаат само добро “начитани“ луѓе, туку индивидуалци кои одлично умеат со луѓето.

Интегритет

Вашите луѓе треба да бидат “од збор“ да ги почитуваат сите во компанијата и да им верувате до таа мера што во секој момент ќе можете да се потпрете на нив. Во спротивно човек кој не стои зад стореното, без разлика дали е добро или лошо не заслужува доверба.

Фото: Pixabay