По повод 1 јуни, Меѓународниот ден на детето, традиционално трета година по ред најголемата софтверска компанија во земјата Seavus организираше настан под името Seavus Kids Day.
Над 100 деца уште еднаш уживаа во дворот на компанијата во богатата програма која ја сочинуваа голем број на креативни работилници, игри, претстави и многу забава. Меѓу нив, најголемo внимание привлече музичката и куклена претстава на куклениот театар Весели Музичари, чиј настап успеа да ги насмее и развесели подеднакво и децата и возрасните. Децата преку игра уште еднаш ги покажаа своите таленти за цртање, музика и спортски активности.
Специјални гости на овој настан беа и децата од организацијата Лице в лице, кои на родителите им го понудија последното издание од списанието и рачно изработени оригами фигури.
Средствата од продажбата на списанието, оригами фигурите како и дополнителните суми донирани на настанот, се наменети директно за децата од улица и за подобрување на нивните услови за живот.
Здружени заедно децата на вработените, како и децата од улица – гости од Лице в лице успеаја дворот на компанијата на еден ден да го преобразат во голема игротека исполнета со многу дружење, забава и искрени насмевки.
Преку грижата за најмладите Seavus ги продолжува своите општествено одговорни активности.