Што ако направите сообраќајна незгода во странство

385

Патувањето во странство со автомобил, било да е одмор или краток престој, понекогаш може да ви донесе непријатност доколку автомобилот биде дел од сообраќајна незгода. Без разлика дали сте вие виновни или не, потребно е да се придржувате до некои правила. Со поседување на зелениот картон, главниот услов е исполнет. Ова се следните чекори што треба да ги направите за сообракајна незгода случена во странство:

  • пријава на штета којашто се случила како последица на сообраќајна незгода во странство се пријавува во земјата каде се случила и се применува законодавството на таа земја во однос на одговорноста на учесниците во истата.
  • во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета пополнете европски извештај за штета (содржината на европскиот извештај е идентична на сите јазици, па соодветните графи можете да ги користите од македонскиот примерок).
  • во случај на сообраќајна незгода со голема материјална штета или/ и телесни и смртни последици задолжително пријавите во полиција за да направи извид на лице место и изготви Записник.
  • ако не сте одговорни за сообраќајната незгодата, a штетата е предизвикана од осигурано возило пријавете штета во Бирото во земјата во којашто се случила незгодата (броевите на Бироата се наоѓаат на задната страна на зелената карта).
  • ако штетата е предизвикана од неосигурано возило (независно дали се работи за возило со регистарски ознаки на посетената земја или друго странско возило со регистарски таблички од земја членка на Советот на бироа за зелени карти) штетата се пријавува во Гарантниот фонд во земјата каде се случила сообракајната незгода. При ова прашање треба да се има предвид дека 34 земји членки на Советот на бироа за зелени карти се потписнички на мултилатералната спогодба со која регистарските ознаки се доказ за постоење на осигурување.
  • во случај кога сте одговорни за незгодата, веднаш по враќањето од странство задолжително треба да го известите осигурителното друштво коешто ја издало зелената карта за сите релевантни моменти поврзани со незгодата (точно постапете по упатството добиено од осигурителното друштво).