Невработеноста во третото тримесечје од оваа година е 17,1%

52

Невработеноста во третото тримесечје од оваа година е на ниво од 17,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Активното население, во третиот квартал оваа година, изнесува 964.248 лица. Од нив, вработени се 799.546, а бројот на невработени е 164.702.

Стапката на активност во тој период е 57,2, додека стапката на вработеност е 47,4.

Фото: Pexels