B.A.R.I.C.A. е кратенка од Beautiful Artificial Intelligence Cognitive Agent и “живее“ во холот на Факултетот за организациски науки во хрватскиот град Вараждин, пишува Пословни дневник.
Нејзина задача е да ги информира студентите и посетителите за места во предавалните, професорите, распоредот на предавањата…
B.A.R.I.C.A. е софтвер од отворен код, а особено е важно тоа што зборува хрватски јазик. “Сместена“ е во рециклирана маса за шминка, на којашто е поставен стар телевизор, телефон од бакелит и компјутер.
Фото: Pixabay