Римац отвора центар за тестирање во Словенија

68

Хрватскиот претприемач, Мате Римац го шири својот бизнис во Словенија, каде што ќе отвори центар за тестирање под име Hyper E – Car Lab, пишува Пословни дневник.

Во овој деловен потфат, Римац соработува со словенечката компанија Lastinski inženjering на поранешниот словенечки министер за инфраструктура, транспорт и просторно планирање, Само Омерзел.

“Lastinski inženjering ни понуди соработка да ги прошириме капацитетите за тестирање со погон во Словенија, што со оглед на соработката што ја имаме, има смисла не само за нас, туку им овозможува и на многу други производители своите погонски системи да ги тестира во лабораторијата во Словенија“, вели Римац.

Hyper E – Car Lab во Словенија ќе му служи на Римац да тестира батериски и погонски системи за своите автомобили, но такви услуги ќе им понуди и на други производители на автомобили.

Словенечките медиуми, како што се наведува, пишуваат дека поранешниот министер Само Омерзел и хрватскиот претприемач Мате Римац за проектот во словенечко Ново Место добиле поддршка од тамошното Министерство за економија во износ од 3,4 милиони евра.

Фото: Facebook