Нафтениот гигант Aramco достигна вредност од 1,88 илјади милијарди долари

Саудискиот нафтен гигант Saudi Aramco денеска достигна вредност од 1,88 илјади милијарди долари, бидејќи акциите скокнаа за максимално дозволени 10% во еден ден на берзата во Ријад.

Почетната цена на акциите изнесуваше 9,29 долари.

Вкупната вредност од 1,88 илјади милијарди долари на денешното тргување со акциите значи дека е соборен рекордот на највредните компании на светските берзи.
Ако растот на акциите продолжи и утре, вредноста на компанијата ќе надмине две илјади милијарди долари.

Фото: Pexels