Македонија претставена во водечки туристички магазин во Унгарија

24

xhgmxhsxmzsКако главна тема на последниот број на Explorer, водечкиот унгарски магазин за туризам и патувања, се најде Македонија, нејзиното културно-историско наследство и потенцијали во туризмот.

Во соопштението што денес го испрати македонската амбасада во Будимпешта, на осум страни во списанието, под наслов Македонија лулка на цивилизацијата, претставени се најголемите туристички атракции во земјава.

Соопштението доаѓа по посетата на уредникот на магазинот на Македонија, иницирана од Македонската амбасада во Унгарија, а со финансиска и логистичка поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија.

Унгарскиот магазин Explorer има преку 12.000 претплатници во Унгарија, а неговата веб страна е една од најпосетуваните во државата.