Кои се најголеми автомобилски компании во светот?

296

Јапонскиот автомобилски гигант Toyota е најголем производител во светот, со нас 10,4 милиони возила годишно, покажуваат податоците на World Atlas.

Во друштвото најголеми, според податоците, се и: Volkswagen Group од Германија со 10,3 милиони возила, Hyundai / Kia од Јужна Кореја со 7,2 милиони возила, General Motors од САД со 6,8 милиони возила и Ford, исто така, од САД со 6,3 милиони возила.

Јапонски Nissan и Honda имаа годишно производство од 5,7, односно 5,2 милиони возила, додека италијански FCA пазарот го снабдува со 4,6 милиони возила. Француските автомобилски гиганти Renault и PSA, коишто договорија спојување, имаат годишно производство од околу четири милиони долари.

Фото: Pexels