Цитати на успешни жени за жени – храбри изјави, силни пораки

3255

Жените честопати бараат потврда, поддршка, ветер во грб и нешто што ќе ги влече напред. Тогаш посегнуваат по дополнителна мотивација, инспирација, сила… За стравовите, мислите, интуицијата преточени во зборови на кои може да се сеќаваме и да бидат водилка во рушењето бариери многу жени (претприемачки, блогерки, писателки, актерки, пејачки…) имаат “оставено“ драгоцени инспиративни мисли. Во продолжение, прoчитајте цитати од жени за жени.

Маргарет Тачер: “Некои битки мора да се водат повеќе пати за да се добијат“.

Марија Кири: “Често ме прашуваа, посебно жените, како можам да го балансирам семејниот живот со кариера. Па, тоа воопшто не е лесно“.

Адел: “Мојот живот е како некоја драма. Полн со подеми и падови, периоди на среќа и тага, смеа и солзи, но немам време да се занимавам со тоа како изгледам. Тоа е неважно. Не сакам да одам во теретана. Многу повеќе сакам да одам во некој новоотворен ресторан и да уживам во храната и виното“.

Анџелина Џоли: “Во животот најважно е да сфатите кои сте. Да се дистанцирате од своето семејство и да сфатите кои сте, што сакате во овој живот и што ви е потребно да бидете среќни без сите луѓе. Кога ќе го сфатите тоа, сè можете да направите“.

Дајана Спенсер (Лејди Ди): “Бидете љубезни и имајте најдобри намери, без очекување на награда, но бидете сигурни дека еден ден таа љубов и добрина ќе ви се врати“.

Еленор Рузвелт: “Жената е како вреќичка чај. Не може да знаете колку е силна додека не ја ставите во врела вода“.

Коко Шанел: “Не ме интересира што мислите за мене, јас за вас воопшто не размислувам“.

Мајка Тереза: “Најди време за размислување, тоа е извор на сила“.

Фото: Pexels