Што е менаџмент на категории?

363

Менаџмент на категорија или category management е концепт што произлегува од трговијата на мало. Тоа е начин на управување со производи на ниво на производни групи, повеќе одошто на ниво на поединечни производи.

Поедноставено, category management претставува систем за управување што има за цел да ја намали разликата меѓу снабдувачот и потрошувачот преку дефинирање и управување со различни категории на производи. Овој вид на менаџмент најчесто се применува кај компаниите што се ориентирани кон потрошувачите. Додека, на пример, бренд менаџментот се фокусира на оптимизација на еден бренд, менаџментот на категории фокусот го става на оптимизација на група брендови што припаѓаат на една група.

Оние кои се занимаваат со овој вид на управување, односно категори менаџерите, се одговорни за сите одлуки поврзани со купување и унапредување на продажбата, ценовната политика и промоција.

Добро е да се знае дека под категорија не се подразбира само колекција на брендови, туку станува збор за сосема ентитет што има свои основни белези. Овој вид на менаџмент е современ концепт на стратешко планирање на асортиманот во малопродажба, а неговата крајна цел е максимизирање на продажните резултати и остварување профит, во исто време, задоволувајќи ги потребите на потрошувачите во целост.

Фото: Pexels