Семејството Ротшилд: Неофицијалниот владетел на светот

1492

Семејството Ротшилд се загатка којашто не може да се реши неколку векови. Ова семејство беше едно од главните по проценето богатство во изминатите векови. Нивниот максимален скок, којшто е официјално регистриран, е во 19-от век. Но, последните 40 години, семејството Ротшилд како да исчезна од листата на најбогати во светот. Тоа е така затоа што не сакаат за нивната фамилија да се зборува јавно.

Во што е умешноста со нивното бегање од официјалната листа на најбогати? Тоа е така бидејќи не сакаат нивните имиња да се наоѓаат покрај сомнителни ликови кои преку ноќ станале милијардери.

Според неофицијални извори, нивното богатство изнесува 350 милијарди долари со што се најбогата фамилија во цел свет. Меѓутоа, како успеваат да го прикријат целото богатство? Според нив е многу едноставно. Со формирање на трустови и добротворни фондови, преку коишто вршат влијание низ целиот свет. А кој го измислил трустот? Сигурно погодувате. Повторно е Ротшилд. Нивното повлекување е со појавување на нивното одлично сценарио – трустот, којшто преку офшор компании со доверливо управување, може да прават што сакаат, колку сакаат и каде сакааат. Интересно е што после Првата светска војна сфатиле дека се “изгорени“ финансиски, а после Втората светска војна почнува нивно повлекување од јавноста.

Во моментов, оваа фамилија поседува најмногу злато, а банките и државите секогаш се во трка за повеќе злато. Тие во трговијата влегуваат уште во 1919 година. Поради наглиот скок на златото во 2000-тите, тие излегуваат официјално надвор од тој бизнис. Причина е притисокот од јавноста за формирање на цената на златото, во којашто наводно тие го имале главниот збор. Но, сепак неофицијално повторно се главни играчи во играта со злато. Цифрата којашто ја поседуваат никој не ја знае, но неофицијално поседуваат 2/3 од целото злато во светот. Поради сериозноста на нивната финансиска моќ, Амшел Ротшилд донел одлука со која решил членовите на семејството да се мажат и женат меѓу себе. Тоа било така поради финансиите коишто морале да останат внатре во фамилијата.

Ротшилд, покрај Рокфелер, заедно поседуваат мнозински акции во големите американски банки, а со тоа имаат главен збор во Федералните резерви на САД, а оваа финансиска институција е одговорна за пуштање во оптек на долари низ САД и целиот свет.

Според одредени аналитичари кои го анализираат дејствувањето на оваа фамилија, тие одлучуваат каде ќе има војна. Оваа фамилија застанала позади сите војни изминативе 200 години, а некои тврдат и под иницијатива на Ротшилд започнале војните во Азија и Африка изминативе децении.

Сепак, најголемата тајна која оваа фамилија ја чува е како успеала најголемата измама, која Ротшилд ја подметнал на моќните финансиски стопанственици и успеал да им го земе богатството на “легален” начин. Откако завршила епската битка кај Ватерло, Нејтан Ротшилд почнал да пушта “муабети” дека не е ништо страшно. Тој говорел дека целиот бизнис ќе си продолжи по старо. Тој ги продал обврзниците, но потоа нагло паднале и моќните стопанственици банкротирале. Ротшилд по ниска цена ги откупил и тогаш станал многу моќен.