Продажбата на електрични автомобили во оваа скандинавска земја порасна за 31%

68

Продажбата на нови електрични автомобили во Норвешка се зголеми за 31% минатата година, а според аналитичарите се очекува скандинавската земја наскоро целосно да го електрифицира возниот парк.

Електричните автомобили учествуваа со 42,4% од ланската продажба во Норвешка, што претставува глобален рекорд, соопшти Норвешката асоцијација за патишта.

Со желба да стане прва земја којашто до 2025 година ќе стави крај на продажбата на автомобили на фосилни горива, Норвешка ги ослободува сопствениците на електрични возила од даноците што се плаќаат за автомобилите на бензин и дизел.

“Годинава шест од 10 нови продадени автомобили во земјата би можеле да бидат целосно електрични“, рече Харалд А. Милер од Volkswagen, кој се подготвува да лансира неколку електрични модели во 2020 година.

“Електрификацијата на пазарот на автомобили забрзува. Предвидуваме дека електричните возила ќе имаат 100% удел на пазарот во Норвешка во 2025 година“, рече Милер.

Фото: Pexels