Се верува дека ако станете наутро и со елан се подготвувате за на работа, во тој случај сте ја одбрале вистинската професија. Но, дали и луѓето кои ги работат некои од најчудните професии во светот го имаат истото тоа чувство. Истражувавме и наидовме на многу необични занимања, па ќе споделиме неколку…
Гумолог
Звучи премногу стручно, но зад ова занимање се крие професионалец кој ги оценува гумите за џвакање. Ги дегустира и оценува каков вкус, текстура и слаткост имаат гумите за џвакање. Негова задача, исто така, е да оцени колкави балони може да се направат од гумата за џвакање.
Професионален “спијач“
Досега многупати сме пишувале за ова чудно занимање. Најчесто компании што произведуваат душеци, кревети, постелнина, пижами… преку оглас бараат лица кои ќе спијат со помош на нивните производи, со цел да утврдат каков ќе им биде сонот, колку ќе биде квалитетен и колку ќе трае.
Oshiya
Необично занимање што може да се сретне во подземни метро станици, особено во милионски градови. Нивната задача е да ги туркаат патниците во метрото за да може собере повеќе луѓе. Оваа професија е многу честа во Јапонија, а најмногу за нејзе ангажираат студенти кои имаат потреба од џепарлак.
“Пакувачи“ на детски куфери
Вработените мајки во Њујорк немаат многу време да им посветат на своите деца, па така се подготвени да платат и до 1.000 долари за некој да ги спакува нивните деца за летен камп. Во Њујорк има професионалци кои пакуваат куфери на дечиња и за тоа наплаќаат и до 250 долари за еден час.
Инспектори за чипс
Главната задача на овие инспектори е будно да ја следат подвижната трака низ којашто поминуваат парчињата чипс што треба да се спакуваат. Тие треба да ги отстранат сите парчиња чипс што се прегорени или напукнати, за да не завршат во кесите за чипс.
Фото: Pexels