Горивата поевтинуваат за половина денар

61

Бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ поевтинуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 оваа недела ќе биде 68 денари за еден литар, додека еден литар Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 70 денари, а еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 62,50 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 51,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,305 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.12.2019 година и со тоа ќе чини 38,548 ден/кг.

Фото: Pixabay