Повеќето совети за кариера се сведуваат на начини како да се вклопите во група во која сакате да се приклучите. Луѓето велат да се “облечете за работата што ја сакате, а не за работата што ја имате“, за да се поврзете со оние на кои им се восхитувате…
Меѓутоа, две успешни жени (и двете милијардерки) имаат сосема спротивно мислење.
Секако, треба да се имаат на ум колегите и нормите во компанијата, но според мислењата на Опра Винфри и Мелинда Гејтс, вистинската тајна за напредување во кариерата е да не се вклопувате во средината. Советот број еден којшто Мелинда Гејтс им го дава на жените е дека вклопувањето е преценето.
“Првите неколку години на моето прво работно место ги поминав работејќи сè, со цел да се вклопам и да бидам слична со луѓето околу мене. Тоа не го извлече ни најдоброто од мене, ниту најдоброто од луѓето околу мене. Поради тоа, најдобар совет што можам да ви го дадам е: Барајте луѓе и средина којашто ве охрабрува да бидете ништо друго освен тоа што сте“, вели Гејтс.
И Опра Винфри имала многу проблеми на почетокот од својата телевизиска кариера. Од неа се барало да го “израмни“ својот глас бидејќи во него имало премногу емоции, дури и кога го изговарала нејзиното име и презиме.
Сфатила дека таквите емисии не се поклопуваат со нејзиното вистинско јас, па дала отказ и тргнала во потрага по проект којшто ќе се вклопи со нејзината личност.
Советите на овие жени имаат смисла и се совпаѓаат со резултатите на многу истражувања кои покажуваат дека криењето на вашиот вистински идентитет на работа, вашата интровертна природа или емоционална душа, има негативно влијание на вашиот професионален придонес и психолошка благосостојба.