Најскапото вино на светот во 2019 година не беше ниту италијанско ниту француско, туку вино од Унгарија. Дваесет шишиња, од литар и пол ја прават ексклузивната колекција на производителот на вино Royal Tokaji, наречено Essencia, а едно шише чини 35.000 евра.
Ова слатко вино се произведува на североистокот на Унгарија, а виното е направено од бербата во 2008 година.
Шишињата беа дизајнирани од уметникот Џејмс Каркас. Рокот на траење е до 2300 година, а досега се продадени 11 шишиња од оваа колекција.
Производителите на ова вино велат дека не би можеле повторно да ја произведат неговата единствена арома.
Фото:Royal-tokaji