Во Србија во 2019-та година се продадени 10% повеќе нови автомобили во споредба со 2018-та, пренесуваат тамошните медиуми.
Во 2018-та се продадени 30.731 нов автомобил, додека таа бројка минатата година е надмината уште во ноември, кога биле продадени вкупно 31.601 ново возило. Очекувањата се дека во декември минатата година продажбата на нови автомобили ќе биде на ниво на истиот период од 2018-та година, кога се продадени 2.638 возила, што значи дека скокот на продажбата ќе надмине 10%.
Најголемиот број нови возила се продадени во април, 4.258, што е резултат на организираниот Саем за автомобили во Белград, на којшто купувачите ги користат големите саемски попусти.
Најмногу возила, вкупно, патнички и лесни комерцијални, продал брендот Skoda – 5.437. На второ место е Fiat со продадени 5.133, а трет е Renault со 2.020 нови возила.
На српскиот пазар е забележан и пораст на продажбата на камиони, па во текот на 11-те месеци од минатата година, биле продадени 1.450 вакви возила, што е за околу 300 повеќе во однос на претходната година.
Фото: Pexels