Доживеаја светска слава и покрај неуспесите

Бројни познати личности, чии имиња денес се ценети, во минатото имале неуспеси што никогаш не ги заборавиле, кои ги зајакнале, инспирирале и охрабриле. Благодарение на животните и деловните падови, нивните дела засекогаш ги поместија стандардите и границите на светот на уметноста, бизнисот, продукцијата, литературата.

Овие се некои од најуспешните луѓе во светот, и покрај нивните неуспеси:

Еден од најпопуларните светски писатели, Џ. К. Роулинг, авторка на книги за Хари Потер, зборуваше јавно на универзитетот Харвард – не за нејзиниот успех, туку за нејзините неуспеси. Помина низ развод, остана самохрана мајка, живееше многу сиромашно и скромно, а потоа првиот дел од познатата книга за момчето волшебник , отчукан на стара машина за пишување – го промени нејзиниот животот од корен. Сепак, тој успех не се случи на почетокот. Дванаесет издавачи го отфрлија нејзиниот ракопис. Таа доби зелено светло од Бери Канингам од издавачката куќа Блумсбури. Замислете да  се откажала по петтиот или десеттиот пат?

Основачот на ланецот за брза храна KFC, Колонел Сандерс, го започна својот сон на 65 години! Лут, откако добил социјално осигурување од 105 долари, наместо да се пожали, реши да промени нешто во животот. Тој сметаше дека сопствениците на ресторани во Америка би сакале да го користат неговиот рецепт за пржено пилешко, што ќе ја подобри продажбата и ќе му донесе процент од вкупната заработка. Тој возеше низ целата земја, тропна на многу врати и спиеше во својот автомобил. Дали знаете колку пати го одбија додека не излезе со потврден одговор? Дури 1009 пати!

Волт Дизни, човекот којна луѓето ширум светот им го направи детството поубаво, а даде смисла и на анимираната и цртана програма за деца, е креатор на најубавите бајки и најпопуларен цртан лик Мики Маус. Неговата прва  компанија за анимација банкротираше, а уредникот на вестите ги отфрли неговите идеи затоа што сметаше дека не се доволно имагинативни и креативни. Легендата вели дека била одбиена 302 пати, пред да добие финансирање за создавање на светот на Дизни.

Стивен Спилберг се пријавил двапати во почитуваниот филмски факултет на Универзитетот во Јужна Каролина и двапати бил одбиен.Тој режираше некои од најголемите хитови на филмот во историјата, сега поседува 2,7 милијарди  долари, а интересно е што во 1994 година тој доби почесен степен од филмско училиште што го отфрли уште во рана возраст.

Битлси, легендарниот англиски бенд успеа успешно да свири на “два фронта“ – да го задоволи вкусот на публиката, да стане комерцијално најпродуктивната група, и да добие највисоки признанија од критичарите на популарната музика. Многу продукциски компании одбиле да го снимат нивниот албум, а во некои од писмата било испишано: Групите кои свират на гитара се за излез и Битлси немаат иднина во шоу-бизнисот.

Фото:Pexels