“Цвета“ денталниот туризам во Хрватска

83

Хрватска од секогаш им била привлечна на туристите како место за летување, а во последните 10-тина години се развива и денталниот туризам. За туристите се привлечни современите стоматолошки решенија, пониски цени и висок квалитет на услугите, пишува ХРТ.

Развојот на денталниот туризам започна во Истра, но денес се шири и во останатите делови од Хрватска. Освен стоматолошки услуги, на пациентите им се овозможува сместување во близина на ординацијата и превоз.

“Веќе долги години, најпозната дестинација е Истра, бидејќи пациентите го спојуваат убавото со корисното. Но, во последните 10-тина години и Загреб се приклучува на денталниот туризам“, изјави Зринка Тарле, декан на Стоматолошкиот факултет во Загреб.

Денталниот туризам станува сè попопуларен, па така Стоматолошкиот факултет во Загреб отвори интердисциплинарни постдипломски специјалистички студии по дентално – медицински туризам.