Огромни економски и општествени промени што во последните две децении се случија во сферата на трудот, немале големо влијание врз очекувањата на тинејџерите кога станува збор за нивните кариери, покажуваат податоците од истражувањето на Организацијата за економска соработка и развој (Organization for economic collaboration and development – OECD), пишува Emerging Europe.
Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос, каде се претставени овие резултати, директор на OECD за образование, Андреас Шлеишер, нагласи дека е загрижувачки тоа што расте бројот на млади луѓе ја избираат “професијата од соништата“ од мали групи на најпопуларните и традиционалните занимања, како што се наставници, правници или менаџери.
“Истражувањето покажува дека е преголем бројот на тинејџери кои ги игнорираат или не се свесни за новите професии што се појавуваат, посебно како резултат на дигитализацијата“, вели тој.
Студијата на OECD, под името Работа од соништата: Очекувања на тинејџерите од нивната кариера и иднина на трудот, покажала дека 47% од момчињата и 53% од девојчињата анкетирани во 41 земја членка на организацијата, очекуваат до својата 30-та година да работат само една од 10-те популарни професии.
Како 10 најпопуларни професии во 2018-та година, меѓу девојчињата се: лекар, наставник, менаџер, адвокат, психолог, медицинска сестра, дизајнер, ветеринар, полицаец и архитект. Кај момчињата, пак, се: инженери, менаџери, лекари, ИТ експерти, спортисти, учители, автомеханичари, полицајци, адвокати и архитекти.
Латвија, на пример, има најголем процент на студенти кои очекуваат да најдат работа во една од 10-те најпопуларни области.
Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Романија, Србија, Словачка, Молдавија и Унгарија се соочуваат со релативно висок ризик, додека балтичките земји, како и Словенија и Црна Гора се изложени на најнизок ризик од автоматизација.
Фото: Pexels