Бројот на сајбер напади во Хрватска лани скокна на 65%

129

Минатата година, бројот на инциденти во Хрватска поврзани со напад на компјутерската безбедност или попознат како сајбер – напад, се зголемил за 65% и тоа на 1.129 напади, објави Националниот тим за одговор при итни случаи при сајбер напади (ЦЕРТ), којшто е одговорен за следење и зачувување на безбедноста на информациите во земјата.

ЦЕРТ наведува дека најзначајна промена од минатата година е зголемениот број на пријавени инциденти. Дел од причината за ова е построгата регулација којашто ја воведе Хрватска.

Сепак, ЦЕРТ вели дека ова може да се препише, меѓу другото, и на нивната кампања “Големи хрватски наивци“, за којашто добиле многу прашања од колеги од надвор, од академската заедница и деловниот сектор.

“Водечките инциденти во Хрватска во текот на 2019 година беа фишинг, фишинг URL и веб-отстранување, односно компромитирана веб-страница со изменет изглед или содржина на веб-страницата“, соопшти ЦЕРТ.

ЦЕРТ ја објави и динамиката на инцидентите во текот на годината. Почетокот на минатата година беше обележан со измами на стари лица преку лажни профили на Фејсбук, барајќи и изнудувајќи пари. Со овој случај се справи и полицијата. Ова беше проследено со кампања за фишинг по електронска пошта против клиент на банка што доведе до лажна страница на засегнатата банка и ги измами клиентите да се регистрираат.

Вториот квартал започна со напад со фишинг по е-пошта на корисниците на Пошти. Потоа, ЦЕРТ го спречи ширењето на МикроТик, којшто шири малициозен софтвер за крипто валута, како и страници за лажна лозинка.

Во месец јуни имало и многу обиди за лажно изнудување во Хрватска, каде жртвите биле заплашувани дека напаѓачот им пристапувал на нивните лозинки. На почетокот на учебната година, се спроведе голема фишинг кампања, насочена кон училиштата и другите образовни институции. ЦЕРТ наведува дека кампањата резултирала со неколку напади и со неколку компромитирани сметки, но дека на крајот успеаледа се справат и со овие напади.

Националниот тим, исто така, предупреди дека е откриена база на податоци од четири терабајти на крајот на ноември, во која има 1,2 милијарди уникатни записи со стотици милиони профили на социјалните мрежи, 50 милиони уникатни телефонски броеви и 622 милиони уникатни адреси за е-пошта. ЦЕРТ вели дека базата не може да се користи директно за напади, туку како извор за идни напади.