Џек Морис и неговата девојка Лорин Булен станаа ѕвезди на Instagram поради феноменалните фотографии кои настанале при нивните патувања низ светот. За промовирање на брендови и локации овој пар добива големи суми пари.
Џек и Лорин се запознале во март 2016 година на Фиџи и оттогаш станале неразделни и заедно посетиле 45 држави.
Ги ангажираат туристички агенции, хотели, ресторани и многубројни брендови, а нивно е само на фотографиите тие производи, услуги и места да ги претстават доволно привлечно за нивните следбеници.
Работеле за некои од најголемите светски брендови, а на Instagram не поставуваат фотографија чија цена е под 3.000 долари. Најмногу што Џек заработил за еден пост е 9.000 долари, а Лорин 7.500 долари.
Џек вели дека фотографиите ги прави еден час по изгревањето на сонцето, бидејќи прометните локации се главно празни во тој период од денот.
Двајцата водат успешни и популарни блогови. Џек на 17 години почнал да работи во перална за теписи. Вели дека ја мразел неговата работа, бидејќи најдоброто нешто му било излежување за викенди. Знаел дека мора нешто да промени, а штом заштедил пари одлучил да тргне на пат и да заработи преку Instagram.
Фото: Instagram