
Истрагата за соборениот патнички авион во близина на Техеран пред неколку недели, ќе добие завршница. Според информациите на Киев, Иран е подготвен да ги пренесе податоците и снимките од летот откако ги разгледа заеднички истражен тим составен од експерти од Иран, Канада и Украина. Авионот беше погоден со ракета на осми јануари, веднаш по полетувањето од аеродромот во Техеран кон Киев при што загинаа 176 лица.
Следна постапка којашто ја презема Ukraine International Airlines е тоа што одлучи на семејствата на загинатите патници на летот Техеран – Киев, да ги обесштети според меѓународното право, односно ќе исплати сума за сите потесни семејства на загинатите по основ на осигурување и надоместоци, пренесе информативната агенција Интерфакс.
Покрај обесштетувањето по основ на осигурување, украинската влада донесе одлука да им исплати по речиси 8.000 евра. Исто така, покрај финансиската, државата ќе понуди и правна помош за сите вклучени во оваа несреќа.
Според последната реакција од страна на украинскиот претседател, Влодимир Зелински, Иран треба целосно да ја сноси одговорноста и да ја плати штетата, но и да има отворена целосна истрага со вклучена меѓународна експертиза и покренување постапка за сите оние што ја предизвикале оваа авионска несреќа и што се виновни за целиот случај.