Онлајн сервисот за пронаоѓање сместување, Airbnb бара пет лица кои можат веднаш да го остават тоа што работат и да тргнат на двомесечно патување на Бахамите, каде што ќе бидат ангажирани во еколошки проекти на Карибите, пишува CNBC.
Оние кои ќе бидат избрани, април и мај ќе ги поминат на три локации на Бахамите, каде што ќе помагаат во зачувување на природните и културните ресурси на земјата.
Овие проекти на Airbnb се развиени во партнерство со локалната непрофитна организација, Bahamas National Trust, којашто чува под заштита 32 национални паркови во земјата.
Заинтересираните за ваков вид на ангажман мора да покажат “желба и мотивација да придонесат и да учествуваат во животот на островот“. Петмината кои ќе бидат избрани ќе отпатуваат на островот Андрос, за да помогнат во создавање на програма за обнова на коралните гребени. Овој остров е дом на третиот по големина систем на гребени во светот. Тие ќе поминуваат време и работејќи на зачувување на видот Exuma, како и за потпомагање на еколошки и истражувачки проекти во Елутера.
Бахамите, во својот состав има повеќе од 700 острови, се прилично зависни од туризмот, а делови од земјата минатата година беа силно погодени од ураганот Доријан.
Кандидатите за овој предизвик треба да бидат постари од 18 години за да можат да учествуваат во програмата и да бидат слободни во текот на април и мај оваа година. Потенцијалните учесници би требало добро да зборуваат англиски јазик и да доаѓаат од една од 34-те земји што ги исполнуваат услови, меѓу кои се Кина, Индија, Нов Зеланд и САД.
Airbnb ќе ги открие имињата на петмината на 25-ти март.
Ова не е прва ваква необична активност на Airbnb, којшто по повод Денот на вљубените ќе подари сместување за двајца во куќата на Јулија во Верона. Исто така, минатата година Airbnb понуди сместување за двајца во познатиот француски музеј Лувр.
Фото: Pixabay