Хрватскиот претприемач Мате Римац, како и администраторот на социјалните мрежи на компанијата Rimac Automobili се активни на интернет и често пати објавуваат новости од развојот на супер брзите електрични автомобили, пишува Пословни дневник.
“Добредојдовте во нашата нова емисија Mondays with Mate, во којашто нашиот генерален директор и основач, Мате Римац, ќе ве информира за сите најнови збиднувања во компанијата Rimac Automobili и во нашата индустрија, но исто така ќе го споделува и своето мислење за темите што вие ќе ги одберете. Слободно прашајте!“, стои во повикот на компанијата.
“Малку за 2019-та, некои планови за 2020-та година, како и прилика да се ангажираме со нашите обожаватели, да можат да ни постават било какво прашање, а ние ќе одговориме на најдобрите прашања секој понеделник“, напиша Римац на YouTube.
Освен за “предизвиците и создавањето на hypercar“, Мате зборува за плановите за изградба на кампус, глобална експанзија на компанијата, финансиски планови и соработка со големите играчи на денешната автомобилска индустрија.
Оние кои на социјалните мрежи ќе имаат најдобри коментари, како награда, ќе добијат маичка на којашто ќе има слика од новиот силен електричен автомобил Concept 2 со 1.914 коњски сили и достигнува до 100 километри на час за 1,97 секунди.
Фото: Facebook